УЕФА Европа лига

Последна шанса за Бордо

28.11.2013 12:43

Осум екипи обезбедија пласман во шеснаестинафиналето од УЕФА Европа лигата уште по натпреварите од четвртото коло од групната фаза. Во петтото, Бордо има победнички императив против Ајнтрахт, доколку сака и на пролет да игра на интернационалната сцена. Францускиот тим досега освои само три, а германскиот претставник е водечки во групата „Еф“ со девет бода. Поради инверзниот ефект на ривалите досега, дури и со триумф Бордо може да биде елиминиран и без шанси да влезе во завршната рунда од овој сегмент во најмасовното европско натпреварување.

За разлика од противникот, Ајнтрахт е во поволна положба. Со оглед на досегашните три победи и поразот од Макаби, за тимот од Франкфурт и реми може да биде доволно за место во елиминациите.

Натпреварот Бордо – Ајнтрахт којшто е еден од најинтересните од денешната програма, ќе го гледате на МРТ 1 од 21 часот и 5 минути.

Тони Стојановски