МЕПСО со пари од Европската банка ќе ја ревитализира преносната мрежа

28.11.2013 15:09

МЕПСО ќе ја реконструира и модернизира електоенергетската преносна мрежа

МЕПСО  ќе ја реконструира и модернизира електоенергетската преносна мрежа со заем од Европскста банка за обнова и развој  вреден 25 милиони евра.

Средствата ќе се повлечат без државна гаранција,  а предлог законот доби и виза од матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет .Проектот освен со пари од ЕБРД ќе се реализира и со средства на МЕПСО.Заемот ќе се враќа 15 години ,со грејс период од 3 години,а каматната стапка е шест месечен еуролибор зголемен за три проценти .

Свето Николовски