Лига на шампиони – ракомет

Само победа во мислите

28.11.2013 15:15

И квалитетот и табеларниот поредок, па и бодовното салдо велат само едно - победа в недела на Металург над Вакер Тун во ракометната Лига на шампионите. Доколку се остварат предвидувањата, трета година по ред „сините“ ќе бидат дел од шампионската елитна ракометна шеснаесетка.

На рака треба да биде и ПСЖ со триумф над Динамо Минск, па годинава да се испрати со полн погодок и со пласман на втората позиција во групата пред завршните мечеви во февруари. Ракометарите на Металург досега остварија четири триумфи, а претрпеа два пораза во шесте натпревари од елитната конкуренција. На првиот дуел во Швајцарија се радуваа против Вакер Тун со 23-22, па се освен целосен успех во Скопје ќе биде големо изненадување.

Металург ќе го пречка Вакер Тун во спортскиот центар „Борис Трајковски“ в недела од 18 часот, а за очекувањата погледнете повеќе во видеото.

Ирена Андреевска - Димитриевска