Прошетка низ Белата куќа

28.11.2013 15:43

Американците ќе можат да ја посетат Белата куќа за празникот на благодарноста. По неколкумесечна затвореност за посетители , Белата куќа повторно се отвара за јавноста. Во меѓувреме рејтингот на американскиот Претседател драстично се намалува, па можеби ова е обид за враќање на угледот на Барак Обама по катастрофалниот почеток на здравствената реформа Обамакеир.

Белата куќа е резиденција и канцеларија на американскиот претседател во последниве 200 години. Симболот на Вашингтон, Белата куќа е историски објект во којшто се наоѓаат портретите на Вашингтон, Линколн и Кенеди. Од неодамна, американците можат да ја посетат Белата куќа без да го напуштат својот дом, преку интернет прошетка низ ходниците и собите.

Повелете, разгледате наоколу. Уживајте во историјата и убавината на овие соби, бидејќи ова на крајот на краиштата е и ваша куќа.

За сите заинтересирани коишто сакаат лично да прошетаат низ Белата куќа, ќе треба да чекаат да стигнат на ред за посета. Препорака од конгресмен, или сенатор може побрзо да ги внесе во Белата куќа. 

-Прошетките низ Белата куќа се пак отворени и само што ги запознав Претседателот и Првата дама и нивните две кучиња.

-Беше големо изненадување да ги видиме Претседателот и Првата дама, дојдовме само за посета од шведска.

Белата куќа повторно ги отвори вратите за учениците, семејствата на војниците и туристите од целиот свет.

Ирина Гелевска