Златна Зора не сака џамија во Атина

28.11.2013 20:37

Американската национална агенција за безбедност...

 
Американската национална агенција за безбедност следела шест лица кои се декларирале како радикални исламисти и открила дека тие зборувале со млади девојки и гледале сексуално експлицитни материјали на интернет, јавува Хафингтон Пост. Нивните имиња се чуваат во тајност, но познато е дека еден од нив бил во затвор поради поттикнување омраза против немуслимани, а друг бил со американско потекло. Според весникот, американската влада може да се служи со сите законски алатки со цел да ги спречи терористичките групи да и наштетат на американската нација
Неофашистичката партија Златна Зора повторно ги нападна плановите на грчката Влада за изградба на џамија во Атина, нарекувајќи ги провокација и побара за тоа народот да се изјасни на референдум. Проектот за изградба на џамијата, кој му е доделен на конзорциум од четири компании,  има буџет од 946 илјади евра, а џамијата ќе биде изградена на земјиште кое и припаѓа на грчката морнарица во близина на центарот на Атина. Градежните работи треба да почнат на почетокот од наредната година. Во Вилнус почна самитот на Источното партнерство на Европската Унија. Медиумите пренесуваат дека одлуката на Украина за прекин на нејзините евроинтеграции го променило значењето на форумот.  Се очекува украинскиот претседател Виктор Јанукович, кој ќе присуствува на форумот, да ги разјасни причините за ваквата одлука на Киев. Претходно Брисел и Москва си упатија меѓусебни обвинувања за притисок врз Украина. Украинските власти признаа дека Москва побарала Киев да го одложи потпишувањето на договорот
Во нуклеарната постројка Јонгбјон во Северна Кореја се забележани активности кои укажуваат на можноста повторно да се активира реакторот. Пјонгјанг лани објави дека ќе ја обнови работата на стариот реактор, за кого експертите тврдат дека би можел да произведува плутониум за изработка на бомби. Меѓународната агенција за атомска енергија ќе продолжи да ја следи состојбата во Јонгбојн преку сателитски снимки.
Марина Автовска