Фетел најбрз во Сингапур

23.09.2013 13:16

Актуелниот светски шампион во Формула 1, германскиот возач Себастијан Фетел победи на ноќната трка за Голамата награда на Сингапур. 
 
Фетел од „Ред Бул“ стартуваше од пол-позицијата и во текот на целата трка не им дозволи на конкурентите да му се приближат и да му ја загрозат победата. 
 
Второто место го освои Фернандо Алонсо од „Ферари“ искористувајќи ја грешката на Нико Розберг „Мерцедес“ кој стартуваше од првиот ред веднаш до Фетел. На подиумот како трето пласиран се искачи финскиот пилот на „Лотус“ Кими Раиконен кој трката ја започна од 13 стартна позиција. 
 
Од 4-10 место во Сингапур се пласираа и освоија бодови: Розберг, Луис Хамилтон (Мерцедес), Фелипе Маса (Ферари), Џенсон Батон (Мекларен), Серхио Перез (Мекларен), Ник Хулкенберг (Заубер) и Адријан Сутил (Форс Индија). 
 
Во генералниот пласман води Фетел со 247 бодови пред Алонсо кој има 187 и Хамилтон со 151 бод.