„Скопје 2014“ победник на фестивал во Баку

29.11.2013 11:30

Спотот за „Скопје 2014“ освои Golden Award ...

Спотот за „Скопје 2014“ освои Golden Award – прво место за најдобар телевизиски спот во најпрестижната категорија на спотови за промоција на земја, регион или град на Интернационалниот филмски фестивал за туризам „БИТФФ“во Азербеџан.
 
Омега Комуникации информира дека на фестивалот, кој за прв пат се одржа од 20 до 24 ноември во Баку, Азербејџан, сребрената награда му припадна на промотивниот спот за Салцбург, Австрија, додека бронзата за Азербејџан. – Фестивалот, организиран од Министерството за култура и туризам на Азербејџан, има за цел да промовира филмови за различни аспекти на туризмот, да ги идентификува најуспешните филмови кои промовираат домашен и меѓународен туризам и да ги промовира нивните автори. Филмовите ги оценуваше жири, составено од меѓународни кинематографи, како и експерти за патувања и туризам. Освен натпреварот, фестивалот и вклучи семинари, дискусии и размена на искуства меѓу филмаџиите, експертите за туризам и за медиуми, соопшти Омега Комуникации. Наградениот промотивен филм „Скопје 2014“ е креативно дело на агенцијата Омега Комуникации, а е изработен во продукција на Кино Око и во режија на Дарко Митревски, како дел од проектот „Македонија вечна“ на Владата на Република Македонија.