Кошарка, АБА Лига

МЗТ со пријатни сеќавања ја очекува Цибона

29.11.2013 14:41

Новата сабота носи нова јадранска задача за кошаркарите на МЗТ Скопје. Аеродромци ги очекува втор натпревар од АБА - лигата едноподруго на домашен терен, утре против Цибона, по кој ќе можат да дојдат до 50-процентен биланс во годинашниот настап во регионалната конкуренција.

Трофејниот хрватски тим му буди пријатни чувства и спомени на нашиот шампион. Токму над него во Загреб триумфираше во ланското деби во лигата, потоа уште еднаш славеше и во Скопје, а и општо МЗТ имаше извонреден ефект против екипите од оваа земја. Годинава многу нешта се поинакви отколку лани, хрватските тимови се далеку поконкурентни, а Цибона е четврта во лигата со шест победи и три порази досега. Со новиот тренер Славен Римац е во добра серија, но македонскиот првак се надева дека ќе може да ја прекине и притоа да врзе два домашни успеха, за по десет кола да има ефект од пет победи и од исто толку порази.

Токму за таа цел, тренерот Влада Вукоичиќ во средата ги поштеди Гечевски и Чековски од настап против Макаби во Еврокупот, па клучните играчи во составот ќе бидат максимално подготвени и сконцентрирани за овој меч со Цибона во Арената „Борис Трајковски“ утре од 17 часот, со пренос на МРТ-1.

Драган Николовски