Анџелина Џоли се повлекува од големото платно

12.05.2014 09:05

Холивудската актерка Анџелина Џоли открила дека по улогата во филмот “Maleficent”, каде ја глуми лошата вила Грдана, актерството веќе нема да и биде приоритет.
 
Триесет и осум годишната актерка на прес-конференција изјавила дека ќе помине некое време додека повторно ја видиме пред камерите.
 
-Актерството веќе не ми е приоритет. Имав прекрасна кариера и среќна сум што имав можност толку долго да го работам тоа што го сакам. Верувам дека ќе се појавам во уште неколку филмови до крајот на мојата кариера, но повеќе ќе се фокусирам на режирањето и продукцијата, изјавила Џоли.
 
Кога ја прашале што ќе се случи со филмот кој го најавувала, а во кој наводно ќе игра заедно со Бред Пит, Анџелина им одговорила на новинарите дека уште размислуваат за тоа.