УЕФА Европа лига

Познати осумнаесет шеснаестинафиналисти

29.11.2013 14:49

Се расчистува ситуацијата пред завршното коло во 12-те групи во УЕФА Европа лигата... 18 екипи веќе обезбедија нокаут фаза, а за комплетирање на шеснаестина - финалното друштво се чекаат уште шест тима што ќе бидат познати на 12 декември и осум што како третопласирани ќе се префрлат од Лигата на шампионите. Последната рунда ќе биде формалност за Валенсија, Лудогорец, Салцбург, Есбјерг, Рубин, Фиорентина, Дњипро, Ајнтрахт, Генк, Севилја, Лион, Бетис, Трабзонспорт, Лацио, Тотенхем, Анжи, ПАОК и за АЗ Алкмар.

Се расчистува ситуацијата пред завршното коло во 12-те групи во УЕФА Европа лигата... 18 екипи веќе обезбедија нокаут фаза, а за комплетирање на шеснаестина - финалното друштво се чекаат уште шест тима што ќе бидат познати на 12 декември и осум што како третопласирани ќе се префрлат од Лигата на шампионите. Последната рунда ќе биде формалност за Валенсија, Лудогорец, Салцбург, Есбјерг, Рубин, Фиорентина, Дњипро, Ајнтрахт, Генк, Севилја, Лион, Бетис, Трабзонспорт, Лацио, Тотенхем, Анжи, ПАОК и за АЗ Алкмар. Најблиску до европска пролет од групата А е Свонси кому му е потребен бод на гостувањето кај отпишаниот Сент Гален. Негов кикс со императив на победа кај Валенсија ќе чека Кубан. Во директната пресметка во Б конкуренцијата на ПСВ во Ајндховен му е доволно и реми против Черноморец. И Варегем ако не загуби дома од Рубин ќе игра во шеснаестинафиналето без разлика што ќе направи Виган во Марибор во рамките на групата Д. Нерешено е најсигурна опција и за Макаби Тел Авив иако Израелците можат да си дозволат и минимален пораз затоа што имаат подобар ефект од конкурентот во Ф конкуренцијата АПОЕЛ кој ќе гостува кај обезбедениот Ајнтрахт. Во меѓусебниот дуел во групата Г во Киев, Динамо е во предност во однос на Рапид Виена затоа што му одговара и нерешено. Ако Фрајбург биде подобар од Севилја, тогаш на Либерец нема да му користи ниту евентуален триумф кај Есторил во трката за втората позиција во групата Х.

Горан Стерјов