Попусти во маркети

29.11.2013 16:03

Почна потрошувачката треска пред Нова Година

 Македонија по примерот на Америка почна со празнични попусти. Некои македонските продавници во чест на „black friday“ги симнаа цените на своите производи до 80%.

Рекламите за намалени цени дури до 80 проценти , предизвикуваат  голем интерес  за купување. Македонските  продавници  бараат начин како да ја обезбедат својата продажба , па преку најразлични попусти ги продаваат своите производи.  За потрошувачите   ова е начин како да се заштеди, за некои само реклама.

Менаџерите велат  дека  во своето работење сакаат да внесат американски и светски стандарди . Според нив еднаш месечно попуст  е сосема доволен бенефит и за потрошувачите и за компанијата . Потврдуваат дека  продажбата е зголемена за речиси 40 проценти.   

Терминот Црн петок  во  Америка значи дека  американците можат да се впуштаат во луд шопинг  со  што започнува сезоната на попусти. Дали и Македонија полека  станува дел од тој синџир.