Црн петок во Америка

30.11.2013 11:21

Редици народ чекаат неколку часа пред отворањето на најелитниот шопинг центар во Вашингтон, „Мејсис“. По отворањето на вратите, вистинско стампедо. Сите се борат да доjдат до бесплатните подароци или до колички за купување.

Цените на сите штандови намалени за најмалку половина. Празничното купување во „Мејсис“ почнува во 8 часот навечер на Денот на благодарноста и завршува на Црниот петок во 1 часот попладне.

„Тоа го сакаат нашите купувачи. Сакаат да бидеме достапни за шопинг. Минатата година отворивме на полноќ, и имавме многу луѓе коишто чекаа и сакаа да влезат, затоа оваа година отворивме во 20 часот“, вели Роберт Букер, менаџер на Мејсис во Вашингтон.

Оваа година, Американците ќе потрошат најмалку 700 долари за Божиќни подароци за семејствата, што е за 50-сетина долари помалку во споредба со минатата година.

„Потрошувачите сакаат да заштедат. Гледаат што е на попуст кога купуваат за Божиќ“.

Нaјголем интерес за купување има за електрониката. Таблет на Микрософт или Ејпл можете да купите за 300 долари. Телевизори, што поголеми подобро. Американците уживаат домот да го претворат во мини кино. Има побарувачка за апарати за домаќинството, постелнина, и парфеми.

„Не е исто кога купувам и кога продавам. Ова е прекрасно искуство“.

Големата распродажба продолжува и во понеделник, кога доаѓаат големите попусти за купување преку интернет, па затоа оваа распродажба го добила и името Интернет понеделник.

Минатата година биле потрошени две милијарди долари на Божиќни подароци.