Јадранска лига

Преку Цибона за пола – пола

30.11.2013 11:52

Лани против славниот хрватски тим МЗТ Скопје напиша историја со победа во дебитантската сезона во Јадранската лига. Во тековната спомените не мора многу да значат, но натпреварот со загрепскиот противник и сега е од исклучителна важност. Доколку триумфира во арената „Борис Трајковски“, македонскиот кошаркарски шампион ќе дојде до половичен биланс во АБА конкуренцијата.

За да ја забележи петтата победа во десеттиот натпревар во регионални рамки, МЗТ треба да биде посилен од Цибона која досега има шест успеси и само три порази. Со тој ефект некогашниот европски првак се наоѓа на четвртата позиција на табелата веднаш зад трите водечки екипи Партизан, Црвена Звезда и Цедевита. Во пресрет на патувањето во нашиот главен град, клупското раководство на Цибона исполни дел од заостанатите финансиски обврски кон играчите и со тоа ја зголеми нивната мотивација пред гостувањето во Скопје.

Запирањето на шутот од далечина на високите кошаркари на МЗТ е приоритет на „цибоси“, а шанса на нашиот претставник е фактот што во овој дуел Гечевски и Чековски ќе влезат одморени затоа што го прескокнаа гостувањето кај Макаби во Еврокупот, што посочува дека МЗТ Скопје Аердром неделава се концентрираше на пресметката со Цибона што ќе ја гледате во пренос на Првиот програмски сервис, денеска од 17 часот.

***

Јадранска лига, 10.коло, денеска

МЗТ Скопје А. – Цибона

Цедевита – Солнок

Крка – Црвена Звезда

Задар – Широки

Утре:

Партизан – Олимпија (недела, 17.00, пренос МРТ Собраниски)

Игокеа – Будуќност

Мега Визура - Раднички

Тони Стојановски