Лига на шампиони – ракомет

Погледите и кон Минск

30.11.2013 13:22

Седмото коло во Лигата на шампионите неа ЕХФ навидум би требало да биде формално за македонските претставници. Вардар денеска ќе и гостува на Барселона која е апсолутен фаворит, а Металург утре ќе го пречека Тун што би требало да значи дека очекува победа со рутинска игра.

Оттука, на завршните математики за оваа календарска година многу значајно влијание ќе има неделниот натпревар во Минск меѓу Динамо и Пари Сен Жермен. Ако Французите важат за екипа којашто многумина ја гледаат во завршницата, белорускиот состав е директен конкурент на нашите тимови во битката за пласман во осминафиналето. Според досегашните настани во групата, реалана опција е и Металург и Вардар да се најдат во елиминацискиот сегмент.

***

Лига на шампиони, ракомет

Група „Це“, 7.коло

Барселона – Вардар (денеска, 16.15)

Металург – Вакер Тун (утре, 18.00)

Динамо М. – ПСЖ (утре, 17.00)

***

Табела:

1.Барселона 11

2.Металург 8

3.ПСЖ 7

4.Вардар 6

5.Динамо М. 4

6.Вакер Тун 0

Тони Стојановски