Формула 1

Малдонадо во седиштето на Раиконен

30.11.2013 13:36

Пастор Малдонадо е нов пилот на „Лотус“, иако се шпекулираше дека наследник на Кими Раиконен може да биде и Нико Хулкенберг. Сепак, откако Германецот се врати во „Форс Индија“, Лотус побрза да го обезбеди Малдонадо како свој возач во наредната сезона во шампионатот во Формула 1. Во ланската, Венецуелецот освои само еден бод, па за очекување беше дека ќе ја раскине тригодишната соработката со „Вилијамс“ поради незадоволство на двете страни.

„Не е тајна дека сакав да ги променам клупските бои. На ова гледам како на можност за напредување во кариерата“, Малдонадо беше јасен во оценката на потегот. Со неговиот трансфер „Лотус“ ќе добие финансиска инјекција од 30 милиони од државната компанија за нафта и за гас во Венецуела, која го поддржува Малдонадо.

Тони Стојановски