Македонија во престижниот „Форбс“

01.12.2013 19:40

„Македонската про бизнис Влада

„Македонската про бизнис Влада ги спроведе мерките за стимулација на инвестициите, договорите за слободна трговија и правните гаранции за да биде уште попрофитабилна и конкурентна за потенцијалните инвеститори“ - во специјална едиција за економските перформанси на Македонија, напиша влијателниот „Форбс“.

Модерни закони за работни односи, издатоци и оперативни трошоци пониски од соседите, устав што гарантира непристрасен третман на странските инвеститори, целосна заштита на правата, без ограничувања на профитиот, наведува во текстот.

А во него, Македонија се нарекува „бисер на Балканот“, „крстосница на големите светски цивилизации“, „проинвестициски бренд“, „бизнис рај на Балканот“, чија влада   под водство на премиерот Груевски  се фокусира на зголемување на економскиот раст, вработување, интегрирање во ЕУ и НАТО, судски реформи...

„Сега е вистинско време да се инвестира во Македонија“, заклучува весникот кој се печати во милион копии годишно.

„Форбс има 100 години историја на читаност меѓу лидерите во бизнисот со неговите проценки кои ги користат шефовите на големите корпорации за тоа дали да инвестираат пари или која компанија нуди најдобри можности. Ќе ги нагласиме можностите на вашата земја“, вели Кристофер Форбс, потпретседател на списанието.

„Македонија е мегу петте најголеми реформатори во светот според Светска банка, 37. на листата најдобри, со скок за 45 позиции за пет години. Со нселение од нешто повеке од два милиона, од кои четвртина живеат во Скопје, Македонија е скормно димензионирана, но  нејзините глобални амбиции дефинитивно не се“, вели авторот во „Форбс“.

Економијата беше и ќе остане наш најголем приоритет – тврдење на премиерот објавено од кусиот разговор за специјалното издание со кое државава потпиша договор за соработка.

„Се работи за крупни, богати инвеститори, пред коишто Македонија ќе се претстави, а ќе биде во организација на „Форбс“ бидејќи тие се нивни клиенти, нивни добро познати компании со кои соработуваат долги години, така што тие ќе бидат тие коишто ќе ги поканат, а Македонија ќе биде таа којашто ќе ја изврши презентацијата“, рече Груевски.

Премиерот во интеврјуто ги посочува сите поволности за бизнис климата, субвенциите за туроператорите,  резултатите – 13 насто повеке туристи за две години.

 

Сузана Фиданска Стоевска