Блок свет

Крвави пресметки во Украина

02.12.2013 10:56

Демонстрантите во Киев најавуваат продолжување на протестите се додека не изнудат оставка на претседателот Јанукович кој нема намера да го потпише договорот со ЕУ. Вчеравечер на најголемите протести од Портокаловата револуција во 2005, полицијата удри по демонстрантите кои се обидоа да влезат во претседателската канцеларија. Опозициските лидери тврдат дека претседателот сака да објави вонредна состојба и провоцира за да ја постигне целта. Европа е загрижена поради последните случувања. За денеска се најавува и средба со украинските законодавци за консултации.

Продолжуваат антивладините протести во Тајланд. Најмалку 4 лица загинаа во најголемата политичка криза во земјата од собирите во 2010. Силите на редот со солзавец се обидуваат да ги растераат демонстрантите кои и натаму ги држат институциите забарикадирани и се  обидуваат да упаднат во зградата на Владата во Бангкок. Голем број училишта и универзитети останаа затворени за да одговорат на масовниот повик за генерален штрајк. Затворена остана и главната канцеларија на ОН. Лидерот на опозициските протести наводно на тајна средба и врачил ултиматум на тајландската премиерка Јинглук Шинаватра, која демонстрантите ја обвинуваат  дека им служи на интересите на нејзиниот брат, поранешниот премиер Таксин Шинаватра кој беше соборен од власт во 2006 година поради корупција и злоупотреба на функцијата.

Египетската уставна комисија го одобри нацрт-уставот уште пред граѓаните да решат за него на референдум. Неговото одобрување се смета за прв чекот кон демократската транзиција по симнувањето од власт на поранешниот претседател Мохамед Морси. Според новиот закон, војската и натаму ќе има големи овластувања, вклучувајќи ја и можноста да им суди на цивилите во одредени случаи. Референдумот за уставот, како што е планирано, треба да се одржи кон крајот на годинава. Во меѓувреме, поддржувачите на Морси продолжија да протестираат по улиците во Каиро, поради што полицијата беше принудена да одговори со солзавец и водни топови.

Расте бројот на жртвите во хеликоптерската несреќа во Глазгов. Од урнатините е извлечено уште едно тело,  со што бројот на жртвите се искачи на 9. Спасувачките екипи кои работат на подигањето на хеликоптерот од покривот на пабот, не можат со сигурност да потврдат дека ова е и последното извлечено тело. Освен тричлениот идентификуван екипаж, идентификувани се уште две од останатите 6 жртви.

На референдумот што се одржа во Хрватска за уставните промени со кои се забрануваат истополовите бракови победи опцијата„ за“.Референдумот беше резултат на иницијатива на црквата и предизвика жестока дебата во земјата. И покрај малата излезеност, резултатите се обврзувачки.