Во Исланд за секое семејство 24.000 евра

02.12.2013 11:55

Исланд беше една од земјите најтешко погодени од економската криза. Oткако успешно се извлече и му кажа „не“ на членството во Eвропската унија, сега наместо банките ќе ги финансира жителите.

Исландската влада исполнува предизборни ветувања – на секое домаќинство ќе му отпише по 24.000 евра од станбените кредити. Проектот почнува во 2014 година и ќе трае пет години. Според проценките, ќе чини 1,2 милијарди долари.

„Директно ќе им помогнеме на 80 проценти од исландските домаќинства, но индиректно на сите. Ќе ги зголемиме економскиот раст и куповната моќ“, смета премиерот Сигмундур Гунлаугсон.

„Овие мерки се огромен скок за сопствениците на станови и ќе донесат посветла и подобра иднина“, порача министерот за финансии Бјарни Бенедиктсон.

Исландската влада се уште не го претставила финансискиот план, но премиерот вети дека нема да го ризикува буџетот. Се очекува главнината да ја платат странските кредитори на исландските банки, кои доведоа до колапсот на банкарскиот сектор во земјата во 2008-та. Опозицијата и меѓународните организации критикуваат.

„Не ми е јасно како ќе го финансираме ова. Не е јасно дали ќе можеме да го собереме данокот од банкротираните банки. И самите тие не се сигурни“, вели Катрин Јакобсдотир од опозициските зелени.

ММФ и ОЕЦД го советуваа Рејкјавик против планот. Сметаат дека земјата нема доволно простор за таков маневар. Но рејтинг агенцијата Стандард енд Пурс го зголеми долгорочниот рејтинг на Исланд од негативен на стабилен и смета дека мерката може да ја врати довербата на кредиторите во исландските банки.

Ивана Салтировска