Продолжуваат протестите во Киев

02.12.2013 12:30

По синоќешниот масовен проевропски протест во Киев, во текот на којшто се случија неколку судири со полицијата, повредени беа повеќе од 100 лица, вклучувајќи и полицајци и новинари. Изутрината сликата во главниот украински град е помирна. Неколку илјади демонстранти продолжија со протестот поради одлуката на претседателот за прекин на договорот за интеграција со ЕУ, изјавувајќи дека нема да се повлечат додека Јанукович не даде оставка.

„Јас сум против власта, против нашиот претседател – криминалец. На телевизја кажаа дека имаме плати од 388 долари, но можам да ви кажам дека никој нема толкава плата овде. Луѓето во провинциите гладуваат“. изјави Олга Бичкина, граѓанка на Киев

„Владата треба да поднесе оставка. Преку глава ни е. Ќе останеме овде до крајот“.  изјави Андриј Менек, Киев

Како одговор на повикот на опозицијата за генерален штрајк против власта, демонстрантите се собраа пред кабинетот на претседателот и поставија барикади за да ги спречат вработените да влезат во зградата. Рускиот политичар Владимир Жириновски го советувал Јанукович да ја употреби советската тактика: да воведе вонредна состојба и да ги уапси сите што се бунат, вклучувајќи ги и странските тајни агенти.

Добрите познавачи велат дека она што се случува во Киев во последните денови е причина за сериозна загриженост за иднината за земјата. Според нив, политичката и економската стабилност, територијалниот интегритет и основата на устаниот систем се во опасност. Минстерот за надворешни работи на Украина, Леонид Кожара рече дека во наредните неколку дена украинска делегација ќе отпатува во Брисел во обид да продолжат преговорите за потпишување на договорот за стабилизација и за приклучување кон Унијата.

Марина Автовска