Втор круг локални избори на Косово

02.12.2013 14:25

На вториот круг на локалните избори на Косово, најмногу градоначалници во албанските општини ќе имаат владеачката Демократска партијата на Хашим Тачи и опозицискиот Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа. Во девет од десетте српски општини на Косово, победија кандидатите на Граѓанската иницијатива-Српска, подржана од Белград. Изборите кои беа следени со засилено полицијско обезбедување, минаа без инциденти, со излезеност од 41% .

Тежиштето на изборите беше ставен на првото учество на србите во Косово, каде од вкупно 38 општини, српската заедница ќе има градоначалници во 10.

Во најважната српска општина-северна Косовска Митровица, нов градоначалник ќе биде кандидатот на листата Српска-Крстимир Пантиќ, кој изјави дека Косово е дел од Србија и ќе ги застапува нејзините интереси. Во Приштина пак, нов граданачалник ќе биде Шпенд Ахмети од движењето Самоопределување, кое се залага за раскин на преговорите со Србија.

Официјален Белград победата на листата Српска ја означи како историска, со што се исполнети условите за интеграција на србите во политичкиот живот на Косово, преку создавање на Заедница на српски општини-клучен елемет од Бриселската спогодба меѓу Белград и Приштина. И ОБСЕ ги оцени изборите како успешни, со што се создадени услови за натамошни демократски процеси на Косово.

Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ.