Јадранска лига

Нов болен пораз

30.11.2013 14:59

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го забележаа шестиот пораз во десеттиот настап во Јадранската лига. Во арената „Борис Трајковски“ победнички одигра Цибона со 93-88 (28-10, 21-25, 16-26, 23-32), иако македонскиот тим оствари убедлива предност од 42-16  во шеснаесеттата минута од средбата. Во тој период се беше во знакот на македонскиот првак кој го отвори мечот со серија од 11-0, со одлична одбрана и со разновиден напад.

Противникот тешко се снаоѓаше, но откако влезе во најголем негатива од 26 коша, направи серија од 7-0 и почна да се враќа играчки и резултатски. На крајот на првото полувреме МЗТ Скопје Аеродром имаше водство од 14 поени (49-35), но уште тогаш се почувствува дека ривалот влегува во ритам, пред се поради извонредното издание на Џарел Блесингејм кој натпреварот го заврши со 32 коша и со осум тројки од 12 обиди. Во вториот дел падна шутот на скопскиот состав, разликата се топеше од минута во минута и откако противникот дојде до предност, МЗТ не се врати во позитива.

Дамјан Стојановски со 20 коша беше најефикасен кај МЗТ Скопје Аеродром, Гечевски постигна 17, Дејвис 12, а Синовец и Чековски по 11 поени. Нашиот тим сега има четири победи и шест порази во АБА друштвото. Наредниот натпревар е на 7.декември на паркетот на Широки, се разбира и со пренос на МРТ.

Тони Стојановски