НБА кошарка

Мајами во низа, Њујорк во криза

02.12.2013 15:05

Со исклучок на натпреварот во Лос Анџелес, преостанатите три ноќешни НБА дуели донесоа возбудлива кошарка. Шампионот Мајами се спасуваше од пораз дома против Шарлот. „Жешките“ славеа со 99:98 иако во пресрет на последниот период губеа со 12 разлика. Во завршната четвртина Мајами постигна 38 поени. Најмногу - 26, реализираше Леброн Џејмс, меѓу нив и слободните фрлања за обезбедување на десетата победа по ред, но најзаслужен за триумфот беше Крис Бош.

Со исклучок на натпреварот во Лос Анџелес, преостанатите три ноќешни НБА дуели донесоа возбудлива кошарка. Шампионот Мајами се спасуваше од пораз дома против Шарлот. „Жешките“ славеа со 99:98 иако во пресрет на последниот период губеа со 12 разлика. Во завршната четвртина Мајами постигна 38 поени. Најмногу - 26, реализираше Леброн Џејмс, меѓу нив и слободните фрлања за обезбедување на десетата победа по ред, но најзаслужен за триумфот беше Крис Бош. Домашниот центар врза 13 кошеви по ред во завршниот дел од натпреварот којшто го заврши со 22 поена и 9 скокови, притоа погодувајќи три тројки од четири обиди. Двоцифрен беше и Двејн Вејд со 17 поени.

И Оклахома дојде до победа во завршницата и тоа против Минесота со 113:103. Најзаслужен за анулирањето на долгото водство на „волците“ беше Кевин Дурант кој четвртипат во кариерата реализираше „трипл – дабл“, 32 поена, 12 асистенции и 10 скокови. Двете погодени слободни фрлања на Стефон Кари на десет секунди пред крајот му обезбедија славје на Голден Стејт кај Сакраменто од 115:113. Плејмејкерот на гостите беше и најкорисен на мечот со 36 поени и 10 додавања за кош, но имаше и голема поддршка од Кејл Томсон кој погоди 8 тројки од 11 обиди за вкупно 28 кошеви.

Њујорк е во криза рамна на онаа од пред седум години. „Никс“ го израмнија неславниот постигнување од седум порази по ред во Медисон Сквер Гарден. За серија од  вкупно 13 порази, њујорчани загубија од Њу Орлеанс со 103:93 благодарение на завршната низа на гостите од 13:6. Рајан Андерсон беше играч на дуелот со 31 поен, кај домаќинот Кармело Ентони постигна 23, а придодаде и 10 скокови.

Без Коби Брајант и Стив Неш и со недоволно подготвениот Пау Гасол кој постигна скромни 6 поени, Лејкерс беа поразени од Портланд со 114:108 и тоа првпат по 11 години во меѓусебните пресметки во Стејплс Центар. Четрнаесеттата победа сезонава „Трејблејзерс“ ја остварија на крилјата на Ламаркус Олдриџ кој постигна 27 поени, а имаше и 9 скокови. И натаму Индијана е со најдобар биланс во лигата со 16 победи и само еден пораз, додека по 12 триумфи и 3 загубени меча имаат Мајами, Портланд и Сан Антонио.

***

НБА резултати:

(ноќеска)

Мајами - Шарлот                   99:98

Њујорк - Њу Орлеанс           99:103

Сакраменто - Голден Стејт  113:115

Оклахома - Минесота           113:103

ЛА Лејкерс - Портланд        108:114

(недела)

ЛА Клиперс - Индијана       100:105

Детроит - Филаделфија        115:100

Торонто - Денвер                  98:112

Горан Стерјов