МЗТ Скопје добива нов кормилар

02.12.2013 15:07

Раководството на екипата од Аеродром ја прекина соработката со српскиот стратег Влада Вукоичиќ, на жешкото столче седнува уште еден Словенец.

Зоран Мартич ќе дебитира на натпреварот против Банвит, во 8-то коло во УЛЕБ Еврокупот, што (среда 18:00) ќе го емитуваме во живо на МРТ1. Управата на македонскиот шампион не беше задоволна од учинокот на Вукоичиќ (4/6 во АБА лигата и 1/6 во УЛЕБ Еврокупот) и го повлече потегот, што подолго време се очекуваше.

Според најавите од канцеларијата на МЗТ Скопје, следуваат и промени во играчкиот кадар. На удар се плејмејкерите.

Единствениот златен (екс)селектор на Словенија, кој што со младата селекција до 20 години триумфира на европското првенство во Охрид 2000-та година, се враќа на местото на неговиот најголем успех во кариерата.

Освен младите словенечки селекции, со кои што има и финале до 22 години во 1998-та година, Мартич во својата земја ги предводеше екипите на Слован (финалист во домашниот шампионат, 1/4 финале во Челинџ купот), Златорог (1/2 финале на плеј-оф) и Хелиос (финалист во домашното првенство и во националниот куп).

48 годишниот Зоран Мартич беше во стручниот штаб на Јуре Здовц во сезоната 2008/09-та, кога клубот од главниот град последен пат ја освои титулата дома и воедно купот на Словенија.

Од останатите екипи во неговото CV, ги издвојуваме Солнок во Унгарија, Будуќност во Црна Гора (5 место во АБА лигата и 1/2 финале во првенството на СЦГ), кипарски АПОЕЛ и Химик од Украина.