Ракомет, ЕХФ Куп

Зомимак на ветриштата од Вардар и Металург

02.12.2013 15:09

Вардар и Металург јуришаат кон нокаут - фазата во Лигата на шампионите, но восхитот на публиката од европските настапи на македонските клубови го „билда“ и струмички Зомимак. Откако успешно го преброди двомечот од третото коло со дански Архус, Зомимак ќе биде прв наш репрезент во групната фаза од ЕХФ купот.

„Не очекувавме дека ќе победиме со толку голема разлика. Меѓутоа, се виде – ги оставивме срцата на теренот, игравме машки до последната 60-та минута. Горд сум на моите соиграчи и мислам дека на пролет ќе покажеме и докажеме кои сме“, вели пивотменот Игор Павловски.

Како единствен клуб од поранешните југословенски држави во друштвото со три француски, по две германски, шведски, португалски, унгарски, словачки и романски и по една шпанска и данска екипа, во ждрепката в четврток струмичани ќе влезат од третиот квалитативен барабан. Ривали сигурно нема да им бидат Нант, Шамбери и шведски Луги. Групата ќе ја предводи ПИК Сегед, Монпеље, Фухсе Берлин или Хановер.

„Во групната фаза екипата сигурно ќе даде повеќе отколку против Данците. Мислам дека ова не беше максимум ова што го прикажавме со Архус. Имаме уште време повеќе да ја воиграме екипата и тоа напролет ќе го покажеме“, смета тренерот Димитар Пандев

Зомимак има три месеци да поужива во историскиот дострел. Доволно време за со уште некое ново име во составот, да се обиде да му го загорчи животот на некој од позвучните.

Драган Николовски