Металург пред потпис со српскиот пикер

Стојковиќ на „цртата“

02.12.2013 15:59

Металург преговара за трансфер на Растко Стојковиќ кој би бил засилување за позицијата пивот. Македонскиот ракометен вицепрвак го има Димовски како прва опција на линијата, но клупското раководство се обидува да донесе дополнителен квалитет во екипата којашто игра на четири фронта.

Стојковиќ ја почна сезоната во Црвена Звезда, но по неколку натпревари се пресели во Ал Рајан во Саудиска Арабија каде што два месеца настапуваше во Лигата на шампионите на Азија. Српскиот репрезентативец лани го носеше дресот на Кјелце, полскиот тим којшто беше поуспешен од Металург во четвртфиналето на елитната европска конкуренција.

Тони Стојановски