Ветувачки БАХЛ викенд за хокеарите на Металург

02.12.2013 16:29

Македонскиот претставник во Балканската хокеарска лига (БАХЛ), екипата на Металург од Скопје, одигра три натпревари во текот на викендов, во рамките на 1. Дивизија. За разлика од претходниот викенд, кога Металург во своето деби сезонава претрпе три убедливи порази, неколкуте засилувања придонесоа за многу поквалитетна игра, што резултира со сосема поинакви резултати, пред се нерешениот со Црвена Звезда, 6 : 6. Претходно Металург одлично се држеше со двете најдобри екипи сезонава, со водечкиот Динамо загуби со 5 : 6, а против второпласираните ’’Ледени ѓаволи’’ загубија 4 : 6.

За овие резултати најмногу придонесоа позајмените хокеари. Стефан Децковски од екипата на Партизан, Србија, постигна 5 голови викендов, Влатко Атанасов од францускиот Стразбур, кој постигна три, заедно со тандемот интернационалци од Србија, од кои Мијушковиќ беше стрелец на 4 голови во трите натпревари.

Само неискуството во ваквите настапи, и недоволната воиграност, беа главни причини што Металург не се врати викендов со првата победа во оваа конкуренција, но и тоа наскоро ќе се случи. Гаранција за тоа се се поголемите амбиции на македонскиот клуб во БАХЛ лигата. Се најавува дека интернационалниот состав наскоро ќе биде засилен со двајца хокеари од Словенија, од кои едниот е со македонско потекло.

Најнова вест е дека на 14 – 15 декември лизгалиштето во СЦ ’’Борис Трајковски’’ сепак нема да се одржат натпреварите од двомечот против Грчкиот Ол стар тим. Истите ќе се бидат во наведениот термин, но наместо во Скопје, ќе се играат во Софија. Затоа пак, од БАХЛ лигата најавуваат дека завршниот турнир на четирите најдобри сезонава, популарниот ’’Фајнал фор’’ ќе се одржи на лизгалиштето на СЦ ’’Борис Трајковски’’во Скопје, во средината на февруари 2014 година.

Горан Милковски