Ракомет

Светскиот тим без Лазаров

03.12.2013 12:18

3 272 гласа беа пресудни за македонскиот ракометен капитен Кирил Лазаров да не влезе во топ тимот според ракометната интернет страна handball-planet.com. Унгарецот Ласло Наѓ, инаку капитен на Веспрем со 23.528 гласа дадени од ракометните новинари од 11 земји: Германија, Шпанија, Франција, Исланд, Аргентина, Унгарија, Полска, Данска, Македонија, Србија и Словенија, како и од фановите ја пополни позицијата десен бек, за која во конкуренција покрај Лазаров беше и шпанскиот репрезентативец Македа, клупски, ракометар на француски Нант.

Светската седморка ја сочинуваат: на голманската позиција  Арпад Штербик, лево крило Андерс Егерт, лев бек Сархеј Рутенка, среден бек Домагој Дувњак, десен бек Ласло Наѓ, десно крило Ханс Линдберг и на пикерската позиција Хулиен Агинагалде.

Гласови се делеа и за најдобар планетарен играч, а најмногу собра Хрватот Дувњак. Денеска е на ред да се бира по истиот принцип и најуспешниот тренер за годинава, признание за коешто конкурираат 5 предводника, каде предноста сега за сега е на страната на Исланѓанецот на германската клупа на Кил, Гислансон.

Ирена Андреевска - Димитриевска