Формула 1

Еклстоун разочаран од Алонсо, Фетел најдобар во 50 години

03.12.2013 12:19

Шефот на Формула 1 Берни Еклстоун изрази разочараност од возачот на Ферари, Фернандо Алонсо, за настапите во неодамна завршената сезона во најпопуларниот автомобилистички спорт. Според него, Шпанецот предвреме се откажал од борбата за шампионската титула со асот на Ред Бул, Себастијан Фетел и уште во текот на шампионатот почнал да бара нов тим за наредната кампања.

„Малку сум разочаран од Фернандо, бидејќи сум негов голем поддржувач и поддржувач на Ферари“, напишал Еклстоун во уводникот на Ф1 магазинот со официјално резиме на сезоната. „Мислам дека се откажа од трката, што е доказ дека почнал да размислува за нов тим. Не знам дали Ферари не е компетитивен поради него или поради луѓето коишто го водат не ја вршат работата најдобро“, е ставот на 83-годишниот британски бизнис магнат и синоним за формула 1.

„Фернандо сигурно заслужува болид што може да победува во трки. Дали Ферари го има тоа, не знам“, пишува Екслстоун.

Шпанецот ја заврши сезоната со две победи, во Кина и во Шпанија и со уште седум други пласмани на пиедесталот. Го освои второто место во генералниот пласман, но со огромна негатива од 155 бода зад Фетел. Три пати во последниве четири сезони се пласираше веднаш зад Германецот, а годинава го понесе Ферари само до третата позиција во поредокот на конструкторите.

Во однос на шпекулациите за иднината во Ферари, името на 32-годишниот Алонсо се поврзува со можно враќање во Мекларен веќе за наредната 2014 или дури и како замена за Марк Вебер, партнерот на Фетел во шампионскиот тим на Ред Бул.

За Берни Еклстоун, Себастијан Фетел е веројатно најдобриот возач во Формула 1 во последните 50 години, откако победи во последните девет трки од сезоната и ја завери четвртата последовна шампионска титула.

„Морам да кажам дека тој е број 1 од возачите коишто ги знам“, напишал Екслтоун, додавајќи дека во 2013 најдобар пилот бил Кими Раиконен, со оглед на опремата и на екипата коишто ги имал зад себе.

Драган Николовски