Почна светското Кик бокс првенство

Формирана WAKO Европа

03.12.2013 12:53

Деновиве во Анталија, Турција, се одржува светското првенство во кик бокс, во дисциплините поинт лајт, кик лајт, фул контакт и музички форми, кое ќе трае до недела, 8. декември. Тоа е втор дел од Светскиот шампионат, откако првиот беше во Сао Паоло, Бразил, со дисциплините К1 и Лоу кик. На шампионатот во Анталија учествуваат вкупно 1.011 натпреварувачи од 60 земји, од 5 континенти.   

Меѓу нив се и шестемина македонски кик боксери, предводени од светскиот шампион од 2011 во Скопје, Димитар Георгиев. Во составот се и Стефка Јанковска, која тогаш освои бронза, како и европскиот вицешампион, Ненад Манојловски, и Кристина Стојчевска и Далибор Огнанов, носители на трофеи од значајни меѓународни натпреварувања. Тие своите настапи ги почнуваат во текот на денов, и тоа во следните дисциплини :

Фул контакт : Далибор Огнанов, категорија -75 кг

Кик лајт : Кристина Стојчевска во - 55 кг, Стефка Јанковска во - 60 кг, Ненад Манојловски во - 69 кг, 

Димитар Ѓорѓиев во - 74 кг, и  Милан Кубин во категорија- 84 кг.                      

Натпреварувачите ги предводи селекторот за татами дисциплините, Димче Кичевски, тренерот Драган Атанасовски, кој истовремено е и меѓународен судија, заедно со Љупчо Стојчевски и Арбен Јонузи.  

Во рамките на Светското првенство во Анталија, се формира Европска кикбоксинг федерација, под покровителство на светската WAKO oрганизацијa. За претседател WAKO Европа е избран првиот човек на Кик боксинг федерацијата на Србија, д –р Борислав Пелевиќ.    

Горан Милковски