Формула 1

Тест предност за водечките

03.12.2013 13:19

Иако се најавуваше дека Мек Ларен ќе обезбеди болид за зимските тестирања на Пирели, според најновите информации пласирани во италијанските медиуми Ред Бул, Мерцедес и Ферари  ќе бидат тимовите што со свои болиди ќе учествуваат на тестот во Бахреин од 17-19 декември. Мек Ларен не е меѓу нив зошто наводно само првите три тима од поредокот кај констукторите ќе добијат шанса за претсезонско тестирање.

По ваквите најави веднаш следеше лавина реакции од другите тимови, кои иако ќе ги добијат податоците од тестирањата, сметаат дека трите тима ќе имаат огромна предност во поглед на „разбирањето “ на пневматиците за наредната сезона.

Несогласувања меѓу тимовите во пресрет на идната сезона предизвика и предлогот за зголемување на тежината на болидите за 10 килограми. Најгласен во барањето е конструкторскиот тим на Ред Бул предводен од Њуи,кој изјави дека шампионскиот тим во моментов се наоѓа меѓу мала паника и контролирана криза и дека им се потребни 6 месеци за подготовка на  новиот болид РБ10.

Засега зголемувањето на максималната тежина на болидите на 700 килограми останува само желба , бидејќи за реакција на ФИА е потребна согласност од сите тимови , а недостасува согласноста од само 1. Се верува дека тоа е Мерцедес.

Зоран Видевски