Фудбал - Куп на Македонија 1/4 финале (реванш)

Дебармаалска романтика или битолска класика?

03.12.2013 14:43

Зад себе имаат солиден дел од сезоната, рамноправно конкурираат за првенствената титула, играат во добра форма и затоа Работнички и Пелистер подеднакво и со право целат на полуфиналето, па и на куп трофејот. Домашната победа од 1:0 со голот на Алтипармаковски за битолчани не значи голема предност затоа што во 18-те дуели во Скопје имаат само еден триумф и тоа пред две години, 2:1. И куп традицијата е на страната на „романтичарите“ бидејќи двапати го елиминираа Пелистер и тоа во сезоните кога го освојуваа пехарот, во 2008-ма во второто коло, во 2010-та во полуфиналето.

Работнички стана специјалист за ова натпреварување затоа што во последните шест години четирипати играше во финалето. Вкупниот меѓусебен куп ефект е по две победи и само едно нерешено што пак е најреткиот резултат во 35-те пресметки. Работнички и Пелистер не одиграле реми 15 натпревари или пет години. Привлечноста на утрешниот дуел нема да биде само во минатото туку пред се во моменталната ситуација којашто не им дозволува на фудбалерите на ниту една екипа да помислат дека можат да бидат поблиску до полуфиналето. Работнички загуби само еднаш во последните седум мечеви, додека пелистерци коишто 2001-ва во третото свое финале го приграбија единствениот куп трофеј, се во серија од пет дуели без пораз.

„Дебармаалци“ во претходните две рунди беа убедливи против Карбинци и против Новаци, додека Пелистер откако немаше проблеми со Караорман, за пласман во четвртфиналето мораше да изведува пенали во двомечот со Миравци. Двата дуела сезонава им припаднаа на битолчани со по 1:0 што остава простор дека гостите евентуално можат да калкулираат и бидат трпеливи. Дуелот што ќе реши кој ќе им се придружи на Брегалница, на бранителот на пехарот Тетекс и на Металург во големата куп четворка директно на МРТ1 утре во 13 часот.

Горан Стерјов