Прва лига – фудбал

Врвот за Вардар

03.12.2013 15:37

Фудбалерите на Вардар се вратија на водечката позиција во Првата македонска фудбалска лига. Шампионот победи на теренот на Гостивар со 2-1 во завршниот натпревар од 18-тото коло.

Петров погоди за предност на фаворитот во 34-тата минута, а Гостивар израмни од пенал преку Таири пред крајот на полувремето. На средина на вториот дел, Петровиќ стрелаше во мрежата на домашниот состав и ја обезбеди деветтата сезонска победа на Вардар. За гостиварци денешниот беше единаесетти пораз во првенството по којшто имаат мали шанси да го избегнат последното место на табелата пред зимската пауза.

***

Прва фудбалска лига, 18.коло

Гостивар – Вардар 1-2

Претходно:

Турново – Ренова 4-0

Работнички – Напредок 4-3

Шкендија – Пелистер 0-0

Металург – Македонија ЃП 1-0

Брегалница – Еуромилк 1-1

***

Табела:

1.Вардар 33     

2.Турново 31

3.Работнички 31

4.Пелистер 31

5.Металург 29

6.Ренова 24

7.Еуромилк 22

8.Брегалница 22

9.Шкендија 22

10.Македонија ЃП 16

11.Напредок 13

12.Гостивар 11

Тони Стојановски