„Наоди“ на Венециското биенале

03.12.2013 16:58

Проектот со наслов “Наоди” ќе биде годинашниот македонски претставник на 14. биенале на архитектурата во Венеција. Од понудените три проекти, “Наоди” е авторски приказ на специфичното просторно искуство за градот Скопје изразено преку адекватно одбрани фрагменти од недовршени промени низ времето, смета  министерката Милевска- Канческа.

“Проектот “Наоди “ е директен одговор на темата “Темели-прифаќање на модерноста 1914-2014 и во него е вградена индивидуална приказна за 100-те години модернизација”, истакна министерката.

По стручното разгледување на сите проекти, комисијата го одбрала ова дело поради неговата креативност.

“ Од трите пристигнати проекти, овој беше вистинскиот што треба да ја претставува Македонија”, рече проф. д-р Мартин Гулески, член на стручната комисија.

Досега Македонија имаше впечатливи претставувања и пласираше врвен квалитет на најзначајната и најголема интернационална ревија на архитектурата во светот која ќе се одржи од 7 јуни до 23 ноември во Венеција.

Александра Перевска