Ракометната лига на шампиони низ бројки и букви

04.12.2013 10:33

Со седмото шампионско ракометно коло се стави точка за клупскиот елитен ракомет за 2013-та. По повлечената линија есапот во повеќе сегменти вели вака.

Седум тима опуштено ќе го дочекаат фебруари, обезбедувајќи си веќе место меѓу 16-те. Од А групата, Веспрем и Реин Некар Ловен, од Б, Кил и Колдинг, од нашата Ц, Барселона и од Д групата, Хамбург и Флензбург.

Од севкупно 120 натпревари колку треба да изброи групниот сегмент досега реализирани 84 на кои со најмногу погодоци се запишува Барселона 242, Барса ја има и најголемата гол позитива плус 68. Шпанскиот гигант е и единствениот тим кој во групата има победено 4 натпревари, со и повеќе од 10 разлика. Тие и Веспрем се тимовите без пораз, но Унгарците немаат прокоцкано ниту бод.

Пет натпревари се завршени со реми, од кои два се запишуваат каи Вардарци. Сент Петербург сеуште чека на првиот бод.

Само на еден натпревар се имаат постигнато помалку од 40 гола, а осум со повеќе од 45. Разликата во квалитетот може да се прочита и преку седумнаесетте меча кој завршиле со 10 и повеќе разлика. На 34 натпревари победата ја однеле гостите.

Пред најголем број посетители 15.320 досега имаат одиграно во Минск, Динамо и Барселона, 4.000 помалку се собрале на мечот Загреб-Веспрем. 

Ирена Андреевска-Димитриевска