Блок свет

Радијацијата во Фукушима на највисоко ниво досега

04.12.2013 12:08

Во јапонската нуклеарна централа „Фукушима-1“  концентрацијата на радиоактивни материи во подземните води денеска достигнала највисоко ниво од хаваријата во март 2011 година. Можна причина за тоа е оштетување на пумпите. Истекувањето радиоактивна вода е еден од главните проблеми со кои се соочуваат експертите кои работата на отстранување на последиците од хаваријата во „Фукушима-1“.
Во јапонската нуклеарна централа „Фукушима-1“  концентрацијата на радиоактивни материи во подземните води денеска достигнала највисоко ниво од хаваријата во март 2011 година. Можна причина за тоа е оштетување на пумпите. Истекувањето радиоактивна вода е еден од главните проблеми со кои се соочуваат експертите кои работата на отстранување на последиците од хаваријата во „Фукушима-1“. Во подземните простории на енергетските блоковите, во дренажниот систем и во специјалните резервоари на територијата на централата се собрани повеќе од 360.000 тони вода што содржат различен степен на радиоактивни материи. 
 
Десетти ден по ред траат антивладините демонстрации во Тајланд. Лидерот на демонстрантите, којшто поднесе оставка од пратеничкото место од опозициската Демократска партија, рече дека борбата ќе продолжи и покрај напорите на Владата да се ублажи политичката криза во земјата и враќањето на премиерката Инглук Шинаватра во кабинетот по пет дена отсуство. По неколкудневно насилство, во текот на кое пет лица го загубија животот, властите се откажаа од конфронтација со демонстрантите, ја повлекоа полицијата и им дозволија на демонстрантите да влезат во државните агенции. 
 
Украинскиот претседател Јанукович пристигна во официјална посета на Кина, а неговите противници продолжија со масовните демонстрации во земјата, барајќи негова оставка. По вчерашниот неуспех да се гласа за довееба на владата, лидерите на протестите ветија дека уличните демонстрации во кои учество зедоа околу 300 000 лица, продолжуваат. Опозицијата е незадоволна од одлуката на Јанукович неочекувано да се откаже од потпишувањето на договорот за стабилизација и прклучување кон ЕУ и од насилната тактика која полиоцијата ја користи против демонстрантите за да го задушат бесот на јавноста. Украина ќе испрати и официјални делегации во Москва и во Брисел на преговори за соработка со Русија и со ЕУ.
 
Британската влада испрати дипломат во Иран, за првпат откако Обединетото Кралство ја затвори амбасадата во Техеран по тензиите во 2011 година. Новиот нерезидентен вршител на должноста амбасадор Ајау Шарма вчера пристигна во Техеран на разговори со претставници на иранското Министерство за надворешни работи. Шарма претходно беше заменик шеф на мисијата во Техеран. Тој редовно ќе го посетува Иран за да помогне да се подобрат односите меѓу двете земји. Британија ги повлече своите дипломати од Иран, откако демонстранти упаднаа во нивната амбасада во 2011 по заострувањето на меѓународните санкции кон Техеран. 
 
Марина Автовска