Две недели не запираат протестите во Украина

04.12.2013 12:51

И по две недели

И по две недели, продолжуваат антивладините, проевропски протести во Украина. Изутрината неколку стотици демонстранти повторно се обидоа да ја блокираат Владата. Силите на безбедноста ги спречија со брза интервенција.

Дојдов да дадам поддршка, да ја оствариме заедничката цел, да падне оваа Влада.

Претставниците на власта, кои денеска треба да ја одржат првата седница, беа  дочекани со извици „сакаме оставка“ и „ срам да ви е“. Премиерот Азаров ги повика демонстрантите да прекинат со протестите, а секој кој ќе го прекрши законот ќе биде казнет.

Микола Азаров премиер на Украина

Сите активности треба да бидат во согласност со Уставот. Блокирањето на Владата мора да престане. Администрацијата треба да функционира. Сакаме да ги зајакнеме нашите стратегиски,  економски и трговски односи со Москва.

Додека во земјата расте гневот, Владата комуницира и со Москва и со Брисел. Напнатоста во Украина ќе биде во центарот на разговорите,  а претстојните средби, за Киев се можност да се зајакне соработката со Русија и со ЕУ.  Украинскиот претседател Јанукович денеска е во официјална посета на Кина. Во Брисел се одржува министерскиот самит на шефови на дипломатии на НАТО. Државниот секретар Кери изјави дека НАТО не се меша во внатрешните работи на Украина, но дека Вашингтон бара од Киев да го слушне гласот на проевропскиот украински народ.

Марија Петковска