Еди „Орелот“ повторно ќе скока !

04.12.2013 13:32

Дваесет и пет години откако ја заслужи „славата“ како скокач со најлошите и најслабите скијачки скокови во олимписката историја, Еди „The Eagle“ Едвардс се подготвува да му се врати на овој спорт.

Британецот, со кого спортскиот свет се подбиваше кога заврши последен во натпреварите од 70 и од 90-метарската скокалница, но стана спортски херој на ЗОИ 1988 во Калгари, би можел да се појави во Гармиш-Партенкирхен, на скоковите во рамките на новогодишна турнеја „Четири скокалници“.

Ако организаторот постигне договор со сега веќе 50-годишниот молер, тој ќе биде еден од претскокачите коишто ќе ја тестираат скокалницата на 1-војануарското натпреварување, коешто традиционално е едно од најпривлечните во сезоната.

„Се уште сум во добра форма. Посакав да го направам ова пред да ми биде предоцна и физички да не можам. Ова ќе ми биде последна шанса да проверам дали се уште можам да скокам“, изјави Едвардс за локалниот весник „Глочестер Ехо“.

„Отсекогаш сум имал немирен дух. Не сметам дека тоа е несовесно, бидејќи сум доволно свесен за ризикот и за се што би можело да тргне наопаку. Малку сум нервозен, но силно возбуден“, дополни Едвардс.

„Кога ги затворам очите, веќе се замислувам на врвот на скокалницата, па потоа како се спуштам по неа и отскокнувам. Кога сум таму горе, се чувствувам како никогаш да не сум ја напуштил“, вели Едвардс.

Неодамна тој конечно го оттргна од себе статусот на „несреќен губитник“, победувајќи во нуркачки натпревар на славни личности, на британската телевизија Ај Ти Ви.

Драган Николовски