Почина Никола Атанасов

04.12.2013 13:45

 На ден 3 декември 2013 година почина нашиот истакнат уметник Никола Атанасов. Никола Атанасов беше долгогодишен Прв флејтист и солист во оркестарот на Македонската Опера и Балет. Дипломирал на Музичката академија во Љубљана, а во нашата институција работеше од 1964 година, па се до неговото пензионирање. Атанасов бил професор на Факултетите за музичка уметност во Скопје и Приштина, како и основоположник на „Дувачкиот квинтет“ и на познатото „Трио Скопје“.

 На ден 3 декември 2013 година почина нашиот истакнат уметник Никола Атанасов. Никола Атанасов беше долгогодишен Прв флејтист и солист во оркестарот на Македонската Опера и Балет. Дипломирал на Музичката академија во Љубљана, а во нашата институција работеше од 1964 година, па се до неговото пензионирање. Атанасов бил професор на Факултетите за музичка уметност во Скопје и Приштина, како и основоположник на „Дувачкиот квинтет“ и на познатото „Трио Скопје“. Настапувал во ансамблот за современа музика „Света Софија“, камерниот оркестар на Македонското радио и во ансамблот на Македонската филхармонија. Бил в.д. директор на операта на МНТ 1993/1994 година. Добитник е на најзначајните дражавни признанија, наградата „13 Ноември“ во 1975г. и државната награда „11 Октомври“, во 1991г.