Ракомет

Блог вести

  • Ракомет 23.07.2015 19:44

    На дебито против Литванија

    На континентален шампионат се и нашите ракометарки до 19 години. Во првото коло од групата „Бе“ на турнирот во Валенсија тие денеска ќе играат со Литванија. Утре противнички ќе им бидат Германките, а в недела Русинките.

  • Ракомет 02.07.2015 19:27

    Ојлески во Одорхеи

    Иако Металург ќе игра во ракометната Лига на шампионите, Гоце Ојлески сепак реши да замине од Автокоманда.

    Репрезентативното лево крило е нов играч на романски Одорхеи којшто е актуелен победник на Члинџ купот и за којшто играат македонските интернационалци, Мајнов и Кузмановски.

  • Ракомет 25.06.2015 17:46

    Кире Лазаров најдобар ракометар во екс-ЈУ

    Македонскиот репрезентативен капитен Кире Лазаров е најдобриот ракометар на просторите на поранешна Југославија, во традиционалниот избор на интернет старницата „ Балкан - Хендбол“.

  • Ракомет 17.06.2015 20:53

    Продолжува врската меѓу Обрван и Македонија

    Во тренерската професија успехот е основа за продолжување на соработката, па Ивица Обрван ќе остане на селекторската позиција на ракометната репрезентација на Македонија. Стариот договор меѓу Обрван и Ракометната федерација завршува месецов, а новиот ќе трае до јуни следната година.

  • Ракомет 15.06.2015 13:49

    Континуирано меѓу елитата

    4-ри пати на светско,4-ти пат на европско.6-ти настап во последните 7 години на големите натпреварувања.Континуитет,резултат достоен за почит.Македонската ракометна репрезентација и на почетокот на идната година ќе биде меѓу елитата,меѓу 16-те репрезентации на европското првенство во Полска.И как

  • Ракомет 09.06.2015 20:24

    Ослабени, но фаворити

    Не научија на добри резултати и на константни настапи на големите натпреварувања, па од нашите најдобри ракометари се очекува и пласман на Европското првенство следната година.

  • Ракомет 09.06.2015 20:22

    Металург не се откажува од елитата

    Откако ја преживеа една од најтешките сезони во поновата клупска историја, Металург не се откажува од играњето во Лигата на шампионите. Екипата од Автокоманда и официјално аплицираше за специјална покана и ги исполни сите административни формалности.

  • Ракомет 02.06.2015 16:18

    Австриецот Божовиќ во Металург

    Металург најверојатно нема да биде втор во домашното ракометно првенство и нема да игра во СЕХА лигата, затоа што во еден од утрешните клучни мечеви му е потребно изненадување на Прилеп кај Зомимак, но екипата од Автокоманда веќе размислува за следната сезона.

  • Ракомет 02.06.2015 15:07

    Евроквалификациски калкулации

    Со две победи против Швајцарија на гости на 10 јуни и со Чешка дома 4 дена подоцна, нашата најдобра ракометна репрезентација би требало да го обезбеди второто место во квалификациската група за европското првенство,но само под претпоставка првиот фаворит во групата ,селекцијата на Франција која в

  • Ракомет 01.06.2015 14:57

    Со најдобрите против Швајцарија и против Чешка

    На десетина дена пред клучните квалификациски натпревари со Швајцарија и со Чешка, за пласман на Европското ракометно Првенство во Полска, селекторот на најдобрата македонска репрезентација Ивица Обрван објави поширок список со 28 играчи.

Pages