Ракомет

Блог вести

  • Ракомет 21.01.2014 10:46

    Дефинитивно во топ 10

    Веќе нема дилеми. Македонската ракометна репрезентација 11-тото европско првенство ќе го заврши меѓу најдобрите десет селекции.

  • Ракомет 21.01.2014 10:05

    Четири кандидати за полуфинале

    Со елиминацијата на сребрената репрезентација од минатиот шампионат Србија уште во првата фаза, втората група сепак не ја загуби привлечноста затоа што четири селекции се во игра за пласман во полуфиналето на Европското ракометно првенство во Данска.

  • Ракомет 20.01.2014 18:18

    Пораз во добра игра, штета

    Беа блиску, сепак и далеку од нова победа на Европското првенство. Нашата ракометна репрезентација загуби од Исланд со 29-27, но се прикажа во многу добро светло на 2-от натпревар од втората фаза на собирот во Данска.

  • Ракомет 20.01.2014 14:30

    Нема што да се загуби

    Против Исланд не очекува тежок натпревар, но нема што да загубиме, велат нашите ракометари пред натпреварот од второто коло во втората фаза на Европското првенство во Данска.

  • Ракомет 19.01.2014 18:22

    Преку Грција во Катар, зашто да не !?

    Репрезентацијата на Грција е еден од можните противници на македонската ракометна репрезентација во бараж-натпреварите за учество на Светското првенство во Катар на почетокот на 2015.

  • Ракомет 19.01.2014 18:19

    Нов ден, нова надеж

    Ако првата цел- пласман во втората фаза и меѓу најдобрите дванаесет во Европа беше исполнета со ремито против Чешка и победата над Австрија, двата пренесени бода дополнително ги зголемија амбициите и очекувањата од нашите најдобри ракометари.

  • Ракомет 19.01.2014 14:44

    Нова ракометна класика

    На Европското ракометно првенство во Данска почнува вториот круг и во групата 2 од главната фаза. Дербито е меѓу Франција и Хрватска кои пренесоа по четири максимални бода во овој натпреварувачки семент.

  • Ракомет 18.01.2014 19:02

    Без тактика и елан нема успех

    Речиси без одбрана,  Македонија беше поразена од Унгарија со 25:31 во втората рунда на Европското првенство во Данска. Играта на нашите ракометари беше бескрвна и во двете полувремиња.

  • Ракомет 17.01.2014 15:30

    Прибак подготвен и мотивиран !

    Македонската ракометна репрезентација во вториот круг од натпреварите на Европското Првенство ќе биде посилна за Немања Прибак. Конечно изминаа трите години од последниот репрезентативен настап на Прибак во дресот на српската репрезентација, па сега нема пречки да настапи во македонскиот.

  • Ракомет 17.01.2014 15:29

    Унгарија, Исланд, па Шпанија

    По исполнетата цел, зачинета со пренесени два бода во М1 групата, доополнителен позитивен елемент за македонските ракометари е тоа што не менуваат град. Нашите репрезентативци остануваат во Хернинг кадешто ќе ги одиграат новите три дуели.

Pages