Спорт

  • Тенис 30.10.2017 19:48

    Нов пад на македонските тенисери на најновите ранг-листи

    Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски бележи пад од дури 12 места на најновата АТП ранг-листа.

  • Фудбал 19.10.2017 22:04

    Нов пораз на Вардар во Лига Европа

    Македонскиот првак Вардар претрпе уште еден убелив пораз во групната фаза во Лига Европа.

  • Ракомет 16.10.2017 12:42

    Штербик во идеалниот тим на колото

     Голманот на Вардар Арпад Штербик по одличното издание против Барселона се најде во идеалниот тим на 5.коло од Лигата на шампионите во избор на ЕХФ.

    Штербик имаше вкупно 15 одбрани на натпреварот, од кои 10 во првиот дел во триумфот на Вардар со 27:24.

  • Кошарка 16.10.2017 12:36

    МЗТ Скопје гостува кај Игокеа

    Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва гостува во Александровац кај Игокеа во последниот натпревар од 4.коло на регионалната АБА лига.

    „Штрковите“ на овој дуел влегуваат по серијата од три порази, два во АБА и еден во домашното првенство.

  • Фудбал 16.10.2017 12:35

    Македонија напредуваше 18 позиции на ФИФА рејтинг листата

    Македонската фудбалска репрезентација бележи скок од дури 18 места на најновата ФИФА рејтинг листа објавена денеска. Македонија сега се наоѓа на 85. Позиција со 410 поени.

    Прогресот на „црвено-жолтите“ се должи на ремито со Италија (1:1) во Торино и победата над Лихтенштајн (4:0).

  • Ракомет 15.10.2017 16:38

    Вардарки славеа победа на гостувањето кај Турингер

    Ракометарките на Вардар ја остварија втората победа во Лигата на шампионките совладувајќи го денеска на гостувањето германскиот првак Турингер во рамките од 2. коло на Ц групата со 29-19.

  • Ракомет 20.09.2017 08:54

    СЕХА Лига: Вардар го совлада Татран Прешов со 32:28

    Ракометарите на Вардар синоќа забележаа уште една победа, го совладаа Татран Прешов со 32:28 во дуел од четвртото коло на регионалната СЕХА Газпром лига.

  • Кошарка 18.09.2017 09:42

    Словенија нов европски кошаркарски шампион

    Словенечката кошаркарска репрезентација за прв пат во својата историја го освои шампионскиот трофеј на едно континентално првенство. Вечерва во Истанбул Словенија предводена од извонредниот Горан Драгич ја победи Србија со 93:85.

  • Фудбал 15.09.2017 09:12

    Зенит пресилен за Вардар

    Екипата на Вардар доживеа убедлив пораз од Зенит со 5:0 на својот дебитантски настап во Лигата на Европа. Рускиот тим во целост ја оправда улогата на апсолутен фаворит и сосема заслужено ги освои бодовите во Скопје.

  • Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2024 година

    Париз е официјално назначен за домаќин на Олимписките игри во 2024 година на 131-та седница на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во Лима, Перу.

    Истовремено, на Лос Анџелес му беше доверена организацијата на Летните олимписки игри во 2028 година.

Pages