Спорт

  • Кошарка 29.11.2013 14:41

    МЗТ со пријатни сеќавања ја очекува Цибона

    Новата сабота носи нова јадранска задача за кошаркарите на МЗТ Скопје. Аеродромци ги очекува втор натпревар од АБА - лигата едноподруго на домашен терен, утре против Цибона, по кој ќе можат да дојдат до 50-процентен биланс во годинашниот настап во регионалната конкуренција.

  • Кошарка 29.11.2013 14:23

    Струмица на тест во „Градски парк“

    Богатиот викенд со мноштво настани на спортските борилишта во земјава и овој петок го отвораат кошаркарите. Во салата „Градски Парк“ во Скопје и пред камерите на МТВ, екипите на Работнички и на Струмица ќе означат почеток на деветтото коло од првата фаза во домашниот шампионат.

  • Ракомет 28.11.2013 15:15

    Само победа во мислите

    И квалитетот и табеларниот поредок, па и бодовното салдо велат само едно - победа в недела на Металург над Вакер Тун во ракометната Лига на шампионите. Доколку се остварат предвидувањата, трета година по ред „сините“ ќе бидат дел од шампионската елитна ракометна шеснаесетка.

  • Фудбал 28.11.2013 12:43

    Последна шанса за Бордо

    Осум екипи обезбедија пласман во шеснаестинафиналето од УЕФА Европа лигата уште по натпреварите од четвртото коло од групната фаза. Во петтото, Бордо има победнички императив против Ајнтрахт, доколку сака и на пролет да игра на интернационалната сцена.

  • Фудбал 28.11.2013 12:24

    Лигата на шампиони во полн сјај

    Лигата на шампиони- моќна,инспиративна...! Фудбалски раскошна е уште во оваа рана фаза на групното чистилиште. Како ли ќе биде на пролет кога клубовите ќе истрчуваат еден на еден, гради в гради!

  • Кошарка 28.11.2013 11:45

    Сан Антонио загуби, на врвот Индијана

    Сан Антонио го загуби дербито на западот во Оклахома со 94-88, а тоа го искористи Индијана, која со лесниот триумф на гостувањето кај Шарлот со 99-74 стана сопственик на најдобриот биланс во НБА лигата досега.

  • Фудбал 27.11.2013 21:43

    Слободни се десет осминафинални места

    Осум екипи веќе обезбедија настап во нокаут фазата од Лигата на фудбалските шампиони. Во вечерашните натпревари од петтото коло од А - Де половината тоа може да го стори и Манчестер јунајтед доколку победи во Леверкузен на теренот на Баер.

  • Фудбал 27.11.2013 21:41

    Челзи во 1/8-финалето, уште пет празни места од „Е-Х“ групите во ЛШ

    Челзи е петтиот тим што избори осминафинале, иако вторпат сезонава загуби од Базел. И со поразот од 1-0 во Швајцарија ја остави зад себе ланската елиминација и како прв во групата “Е“ ќе го дочека последното коло, бидејќи Шалке 04 одигра 0-0 кај Стеауа.

  • Фудбал 27.11.2013 21:37

    Пелистер на врвот

    Со серија од четири победи Пелистер изби на водечката позиција во Првата македонска фудбалска лига по некомплетното 17.коло. Битолскиот тим денеска го совлада Гостивар пред своја публика со 1-0 со голот на Воденичаров во 75. Минута.

  • Кошарка 27.11.2013 17:47

    Макаби е подготовка за Цибона

    Без поголеми амбиции МЗТ Скопје ќе гостува во Хаифа кај Макаби во седмото коло од Еврокупот.

Pages