• Свет 21.06.2018 10:39

    Горниот дом го усвои планот на Меј за Брегзит

    Горниот дом на британскиот Парламент го усвои предлог-законот на  премиерката Тереза Меј за Брегзит, со што е завршена повеќемесечната парламентарна дебата за законот со кој формално ќе заврши членството на Велика Британија во Европска унија.

  • Свет 21.06.2018 10:27

    Матис: Пентагон ќе одговори на барањето за сместување на мигрантите

    Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави дека Пентагон ќе одговори ако е потребно при смествување на мигрантите приведени при илегално преминување на американско- мексиканската граница.

  • Свет 20.06.2018 12:35

    САД се повелече, Русија поднесе кандидатура за членство во Советот за човекови права

    Русија поднесе кандидатура за членство во Советот на ОН за човекови права за периодот меѓу 2021-ва и 2023-та година, неколку часа по повлекувањето на САД од ова тело.

  • Свет 20.06.2018 12:18

    Студентски домови за мигрантите од „Аквариус“

    Мигрантите од бродот „Аквариус“, кои Шпанија ги прифати по одбивањето на Италија и на Малта, се сместуваат во студентски домови во земјата. На студентите во градот Аликанте им било речено да ги напуштат домовите за да направат место за луѓето.

  • Свет 20.06.2018 10:55

    Ким и Џинпинг согласни околу повеќе прашања

    Лидерите на Кина и Северна Кореја, Си Џинпинг и Ким Јонг-ун се согласни за голем број прашања, вклучувајќи ја и денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

    Ким е во трета посета на Кина, во последниве три месеци, каде што имаше  средба со својот кинески колега.

  • Свет 20.06.2018 10:31

    Хакерска кражба на Јужнокорејска берза за криптовалути

    Хакери ја нападнале берзата за трговија со криптовалути Битамб од која се украдени виртуелни валути во вредност од 31,5 милиони долари.

    Тргувањето е запрено откако била откриена измамата. Платформата истакна дека ќе ги надомести загубените дигитални пари со сопствени средства.

  • Свет 20.06.2018 09:50

    САД излегоа од Советот за човекови права на ОН

    Русија поднесе кандидатура за членство во Советот на ОН за човекови права за периодот меѓу 2021 и 2023 година, неколку часа по повлекувањето на САД од ова тело.

  • Свет 19.06.2018 12:37

    Трамп нареди формирање на Вселенска војска

    Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Пентагон да формира Вселенска војска независна од военото воздухопловство на САД.

  • Свет 19.06.2018 12:13

    Грција примила најмногу мигранти во ЕУ

    Во првите пет месеци од оваа година во Грција пристигнале над 19.800 мигранти, што претставува најголема бројка на прифатени мигранти во една земја членка на ЕУ.

    Според Европската агенција за контрола на гранциите - Фронтекст, ова е пораст за 90 отсто во споредба со истиот период лани.

  • Свет 19.06.2018 11:25

    Гутереш: Газа на раб на војна

    Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги повика Израел и Хамас во Газа да го продолжат прекинот на огнот со кој во 2014 година беше ставен крај на војната меѓу нив.

Pages