• Свет 07.05.2018 12:42

    Џонсон: Трамп да не го напушта нуклеарниот договор со Иран

    Британскиот минстер за надворешни работи, Борис Џонсон го повика американскиот претседател Трамп да не го напушта Нуклеарниот договор со Иран, со напомена дека тоа би било голема грешка. Џонсон е во посета на САД, за да го убеди Вашингтон да не истапува од нуклераниот договор.

  • Свет 07.05.2018 12:22

    Хаваи: Вулканот Килауеа уништи над 30 објекти

    Вулканот Килауеа уништи над 30 објекти на островот Хаваи. Околу 1.700 луѓе беа евакуирани, а во засолништата се сместени 240 граѓани. Дел од нив добија дозвола да одат  до своите домови и да ги земат миленичињата, потребната медицинска терапија или документите.

  • Свет 07.05.2018 11:42

    Северна Кореја: САД да се воздржат од провокации

    Северна Кореја ги предупреди САД да се воздржат од провокации, негирајќи дека Пјонгјанг се согласил на преговори под американски притисок.

  • Свет 07.05.2018 11:20

    Џонсон во обид да го премисли Трамп за Иранскиот договор

    Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон е во официјална посета на Вашингтон каде што се обидува да го убеди челникот на Белата куќа Доналд Трамп да не се откаже од Иранскиот договор за нуклеарно оружје. 

  • Свет 07.05.2018 10:35

    Протести пред инаугурацијата на Путин

    Протести пред инаугурацијата на Владимир Путин, кој по 18 години на власт, по четврти пат дава свечена заклетва за претседателски мандат со што во Кремљ ќе остане до 2024 година.

  • Свет 04.05.2018 12:34

    Хаваи: Вонредна состојба поради ерупција на вулкан

    Ерупција на вулканот Килауеа на Хаваи. Властите прогласија вонредна состојба, започната евакуација на населението од областа Леилани Естејтс. Затворени се училишта, оштетени се патишта.

  • Свет 04.05.2018 12:04

    Годинава без Нобелова награда за литература

    Поради секс- скандал, Шведската академија годинава не ја доделува Нобеловата награда за литература. Во ноември, беше ангажирана адвокатска фирма да ги истражи обвинувањата на 18 жени за сексуално вознемирување од сопругот на поетесата Катарина Фростенсон, којашто е член на академијата.

  • Свет 04.05.2018 11:56

    Палестинскиот лидер Махмуд Абас реизбран за шеф на ПЛО

    Палестинскиот лидер Махмуд Абас беше реизбран за претседател на Извршниот одбор на Палестинската ослободителна организација (ПЛО). Одлуката е донесена по четиридневниот состанок на Палестинското национален совет.

  • Свет 04.05.2018 11:23

    Замрзнато финансирањето на сириските „Бели шлемови“

    Стејт департментот го замрзна финансирањето на сириската хуманитарна група „Бели шлемови“ којашто досега добиваше една третина од средствата од САД.

    Во тек е активна проверка пред да се донесе одлука кои странски програми ќе продолжи да ги финансира.

  • Свет 04.05.2018 10:41

    Ципрас: Без договорот ЕУ- Турција ќе беше полошо

    Обидувајќи се да го смири гневот кај жителите на островот Лезбос, грчкиот премиер Алексис Ципрас им ги потенцираше предностите на договорот меѓу ЕУ и Турција од 2016 година.

Pages