• Свет 13.04.2018 11:34

    Флеминг: Лондон спроведе голем кибернетички напад врз ИД

    Велика Британија спроведе голема кампања на кибернетички напади врз џихадистичката група Исламска држава, соопшти директорот на британската Владина централа за комуникации, Џереми Флеминг.

  • Свет 13.04.2018 11:26

    Идниот државен секретар со цврст став кон противниците

    Номинираниот американски државен секретар Мајк Помпео на сослушувањето во сенатскиот Комитет за надворешна политика вети цврст став спрема противниците на САД кои се во лоши односи со Русија и Кина.

  • Свет 13.04.2018 10:34

    Западот без конечна одлука за Сирија

    Кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп без конечна одлука за евентуален воен напад во Сирија. Русија повика на воздржување од какви било операции и бара нов состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разгледа ситуацијата на Блискиот исток.

  • Свет 12.04.2018 16:57

    Меѓународнa истрага: Скрипал бил отруен со нервен гас

    Меѓународните инспектори за забрана на хемиско оружје ја потврдија анализата на Велика Британија за нервниот агенс со кој бил отруен поранешниот руски шпион.

  • Свет 12.04.2018 14:58

    Асад: Каков било напад врз Сирија би ја зголемил нестабилноста во регионот

    „Каков било напад врз Сирија би ја зголемил нестабилноста во регионот“, изјави сирискиот претседател Башар ал- Асад. Британија ги позиционира подморниците за ракетни напади, а кинеската флота е во водите на Медитеранот за асистенција на руската страна.

  • Свет 12.04.2018 12:51

    Британија прераспоредува подморници, САД размислува за воена интервенција во Сирија

    Британија ги позиционира подморниците за ракетни напади врз војската на Сирија чијашто влада ја обвинува за хемиски напади врз цивилното население. Наскоро ќе биде објавена конечната одлука за кооридиниран напад во соработка со САД и со Франција.

  • Свет 12.04.2018 12:39

    Седум лица загинаа во експлозија во Северна Кина

    Седум лица загинаа, а 13 се повредени во северниот дел на Кина, при експлозија на камион со пет тони динамит. Инцидентот се случил нешто по полноќ во провинцијата Шанси.

  • Свет 12.04.2018 11:43

    Алжир: Тридневна жалост за жртвите во авионската несреќа

    Во Алжир тридневна жалост за жртвите од уривањето на воениот авион. Од Министерството за одбрана ја потврдија смртта на најмалку 257 лица но се стравува дека бројот може да расте, бидејќи дел од преживеаните патници имале тешки изгореници.

  • Свет 12.04.2018 10:32

    Затегната ситуација на Блискиот Исток

    Британија ги позиционира подморниците за ракетни напади врз војската на Сирија чијашто влада ја обвинува за хемиски напади врз цивилното население. Иако законот не ја обврзува премиерката Тереза Меј да ја стави воената акција на гласање пред Парламентот, таа очекува поддршка од пратениците.

  • Свет 11.04.2018 15:28

    Трамп: Русија да се подготви за ракети

    Американскиот претседател Трамп на „Твитер“ ѝ порача на Русија да се подготви за нови, убави и паметни ракети во Сирија. Понатаму напиша дека односот меѓу Америка и Русија е полош од кога и да било, дури и во споредба со времето на Студената војна.

Pages