• Свет 23.01.2014 15:26

    Зголемен бројот на напади врз полицијата и војската

    Петмина полицајци изутрината се убиени од маскирани лица на контролен пункт во Египет. Напаѓачите отвориле оган од мотоцикл во движење. По соборувањето на Морси, се поголем е бројот на напади врз полицајци и војници.

  • Свет 23.01.2014 15:23

    Неуспешен обид за смирување на ситуацијата во Сирија

    Неуспешен обид за смирување на завојуваните страни на Владата на Асад и сириската опозиција на првиот ден од мировната конференција во Швајцарија.

    Двете страни единствено се согласиле дека патот до решението ќе биде долг и тежок.

  • Свет 23.01.2014 15:20

    Голема сообраќајна несреќа во Турција

    Над 20 лица загинаа, а има и повредени во сообраќајна несреќа во централниот дел на Турција. До несреќата дошло откако автобусот излетал од патот поради голомразица. Гувернерот на провинцијата Кајзери изјави дека бројот на загинати може да се зголеми поради големиот број тешко повредени.

  • Свет 23.01.2014 15:15

    Путин на тест: Дали ќе ја одржи безбедноста во Сочи?

    Рускиот претседател Владимир Путин на тест дали ќе успее да ја одржи безбедноста за време на Олимписките игри во Сочи.
  • Свет 23.01.2014 13:56

    Визи за Босанците од Косово?!

    Косовската Влада ја усвои одлуката за воведување визи за граѓаните на Босна и Херцеговина. Одлуката е донесена како реципрочна мерка, бидејќи властите во Сараево не ги укинале визите за граѓаните на Косово.

  • Свет 23.01.2014 09:28

    Ултиматум за Јанукович

    Лидерите на украинската опозиција му поставија ултиматум на претседателот Јанукович во рок од 24 часа да распише предвремени избори, или во спротивно ќе се соочи со уште пожестоки протести.

  • Свет 22.01.2014 16:47

    Насилствата- секојдневие во Киев

    Црн снег паѓа во запалениот Киев. На плоштадот на независноста Мајдан се слева река од народ. Ситуацијата е тензична откако надлежните потврдија дека тројца демонстранти загинале. Околностите за нивното загинување се уште се нејасни.

  • Свет 22.01.2014 15:03

    Климатските промени скапо ја чинат економијата

    Глобалното затоплување стана факт и за најголемите скептици. Поларниот вител што ги окова САД и Канада веќе не е изговор, туку непобитен показател. Колку навистина е топла оваа зима покажа сушата во Калифорнија.

  • Свет 22.01.2014 13:33

    Убиен лидерот на „црвените кошули“

    Во Тајланд е убиен лидер на провладините „црвени кошули“, на почетокот на 60-дневната вонредна состојба. Антивладините демонстранти и натаму блокираат делови од Бангкок и бараат оставка од премиерката Шинаватра.

  • Свет 22.01.2014 13:32

    Жестоки обвинувања на мировната конференција за Сирија

    Со жестоки обвинувања почна мировната конференција за Сирија, Женева 2.

Pages