• Свет 28.04.2014 17:47

    Серија торнада ги погоди САД

    Околу 900 жители претрпеле материјална штета во областа Квапоа, додека пак во градот Мејфлауер било забележано торнадо со височина од околу 800 метри. Меѓу погодените држави се и Небраска, Ајова и Мисури.
     
  • Свет 28.04.2014 17:44

    683 приврзаници на Морси, осудени на смрт во Египет

    Во најголемиот судски процес во историјата на Египет, меѓу осудените е и Мохамед Бади, шеф на Муслиманското братство, коешто минатата година беше прогласено за терористичка организација.
  • Свет 28.04.2014 17:41

    Напанато во Украина, ранет Генадиј Хернес, градоначалникот на Харков

    Расте напнатоста на истокот од земјата. Ранет е градоначалникот на Харков, лекарите се борат за неговиот живот.  Украинската служба за безбедност го приведе прорускиот заменик градоначалник на Славјанск Игор Перпечаенко.
  • Свет 28.04.2014 15:59

    Нови американски санкции за Русија

    За време на својот престој на Филипините, американскиот претседател Барак Обама објави нови санкции за Москва. Седум  руски владини претставници како и 17 компании поврзани со владеењето на рускиот претседател Владимир Путин, се дел од новите пенали или  пак се најдоа под американско ембарго.

  • Свет 28.04.2014 11:59

    Расте бројот на починати од вирусот МЕРС

    Саудиските власти сооштија дека бројот на лица што починаа во Саудиска Арабија како последица од вирусот на Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС) се искачи на 102. Властите се обидуваат да го смират населението најавувајќи превентивни мерки против болеста.

  • Свет 28.04.2014 11:45

    Потрагата може да потрае и до 8 месеци

    Потрагата по исчезнатиот малезиски авион влгува во нова фаза, откако подводната истрага не даде никакви резултати. Австралискиот премиер Тони Абот истакна дека е малку веројатно да се пронајдат остатоци во океанот коишто би му одговарале на исчезнатиот боинг. 
  • Свет 28.04.2014 11:40

    Серија торнада ги погоди американските сојузни држави Арканзас и Оклахома

    Повеќе од 12 лица го загубија животот во налетот на серија торнада што ги погоди американските сојузни држави Арканзас и Оклахома. Околу 900 жители претрпеле материјална штета во областа Квапоа, додека пак во градот Мејфлауер било забележано торнадо со височина од околу 800 метри.

  • Свет 28.04.2014 11:37

    Итна средба во Брисел за новите настани во Украина

    Дипломатите од Европската унија денеска во Брисел ќе одржат итна средба во врска со влошувањето на состојбата во Украина и за новите санкции за Русија, откако проруските бунтовници на истокот на земјата киднапираа меѓународни набљудувачи од Организацијата за европска безбедност и соработка.

  • Свет 28.04.2014 10:39

    Железничка несреќа во Конго, 70 загинати над 160 повредени

    Најмалку 74 лица загинаа во железничката несреќа што се случи минатата седмица во ДР Конго, покажуваат официјални податоци што ги објавија синоќа властите во Киншаса, по откривањето нови тела на жртвите.
  • Свет 27.04.2014 17:29

    ОБСЕ бара ослободување на набљудувачите заробени во Украина

    Тимот на ОБСЕ што пристигна во Славјанск бара да бидат ослободени осумте набљудувачи од нивната организација кои се заробени од проруските бунтовници.

Pages