• Свет 13.02.2014 17:42

    Пакети со експлозив во шест регрутни центри во Велика Британија

    Британската антитерористичка полиција денеска соопшти дека во најмалку шест воени регрутни центри во југоисточниот дел на земјата вчера добиле сомнителни пакети, а досега е утврдено дека два имале експлозив.

  • Свет 13.02.2014 16:34

    „Маска“ - „сајбер“ шпионажа

    Лабораторијата „Касперски“ откри мрежа за кибер шпионажа наречена „Маска“, која дејствувала седум години и нанела голема штета во триесетина држави , на неколку континенти.

  • Свет 13.02.2014 15:31

    ЕК блокираше 192 милиони евра помош на Бугарија

    Поради сомнителни тендери и манипулации со средства на Европската унија, Европската комисија повторно замрзна фондови за Бугарија.

  • Свет 13.02.2014 15:21

    И во Словенија, партиите спорат околу лустрацијата

    Словенечките политички партии спорат поради архивите за жртвите на тајната полиција од периодот на Југославија. Демократската партија на Словенија бара втор референдум за пристап до архивите.

  • Свет 13.02.2014 14:09

    Строги мерки за азилантите во Баварија

    Министерот за внатрешни работи на Баварија,  Јоахим Херман, од сојузната Влада во Берлин побара да преземе мерки за ограничување на бројот на азиланти од земјите на поранешна Југославија и од Албанија.

  • Свет 13.02.2014 13:13

    Невработеноста во Грција урна нов рекорд

    Стапката на невработеност во Грција достигна нов рекорд – во ноември се регистрирани 28 проценти невработени, покажуваат статистичките податоци. Еден месец претходно невработеноста била 27,7%. Од младите до 25 години невработени се дури 61,4%.

  • Свет 13.02.2014 12:59

    Нови протести во Украина

    Шефот на руската дипломатија Лавров оцени дека дошол „моментот на вистината“ во односите ЕУ-Русија и го обвини Западот за притисок врз Украина.

  • Свет 13.02.2014 12:56

    Четворица загинати на протести во Венецуела

    Еден провладин и тројца антивладини демонстранти загинаа во Венецуела, на најголемите протести по смртта на Чавез и преземањето на власта на претседателот Мадуро.

    Студентите и опозицијата протестираа против се полошата економска ситуација. 

  • Свет 13.02.2014 12:52

    Солзавец и гумени куршуми во Бразилија

    Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бразилија. 15 илјади селани безземјаши маршираа кон претседателската палата и се обидоа да кренат барикади, но полицијата ги спречи со солзавец и гумени куршуми, на што возвратија со камења.
  • Свет 13.02.2014 12:44

    Снежни виулици во САД, поплави во Велика Британија

    Снежното невреме предизвика хаос во југоисточните делови на САД. Далноводи обложени со мраз, паднати дрвја, превртени автомобили на автопатите, се резултат на обилните врнежи од снег и леден дожд.

Pages