• Свет 17.09.2018 11:13

    Жртви во ураганот „Флоренс“

    Ураганот „Флоренс“ усмрти 17 луѓе во три сојузни американски држави. Најкритично е во Северна и Јужна Каролина, и во Вирџинија. Во градот Вилмингтон, со 120 илјади жители, е прекинато снабдувањето со електрична енергија.

  • Свет 14.09.2018 13:02

    Хуманитарна криза во Сирија, се очекува нов бегалски бран

    Хуманитарниот координатор за Сирија во ОН, Панос Мумцис изјави дека за состојбата во Идлиб се надеваат на најдоброто, но се подготвуваат за најлошото. Информираше оти се подготвува план за голем бегалски бран и за прифаќање околу 900 илјади луѓе кои би можеле да избегаат од земјата.

  • Свет 14.09.2018 11:57

    Трилатерална средба на МНР на Грција, Кипар и Израел

    Проширувањето на соработката со акцент врз енергетиката била главна тема на вчерашната трилатерална средба на министрите за надворешни работи на Грција, Кипар и Израел.

  • Свет 14.09.2018 11:35

    Маас во последен обид да ја спречи офанзивата во Идлиб

    Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас се очекува денеска да се сретне со рускиот министер Сергеј Лавров, во последен обид да издејствува запирање на сириско-руско-иранската офанзива врз бунтовничката сириска област Идлиб.

  • Свет 14.09.2018 10:48

    Ураганот „Флоренс“ го пустоши источниот брег

    Околу 12 илјади домаќинства на брегот на Северна Каролина се без електрична енергија поради ураганот „Флоренс“ којшто почна да го пустоши источното крајбрежје на САД.

  • Свет 14.09.2018 10:33

    Словенија доби нова, малцинска влада

    Пратениците во словенечкиот Парламент изгласаа нова, малцинска влада на Лев центар на премиерот Марјан Шарец. Од вкупно 90 пратеници, за новата влада гласаа 45, 34 беа против, а 11 беа или воздржани или отсутни.

  • Свет 13.09.2018 15:34

    Пристигнува „Флоренс“, во тек евакуација

    Властите во Јужна и во Северна Каролина ги затворија пристаништата пред налетот на ураганот „Флоренс“. Американскиот претседател Трамп порача дека заштитата на животите на луѓето е највисок приоритет. Ги повика сите што живеат на патот на Ураганот да ги послушаат наредбите за евакуација.

  • Свет 13.09.2018 15:28

    Реакции по активирањето на „нуклеарната опција“ од ЕП

    Унгарија и Полска ги здружуваат силите откако Европскиот парламент со двотретинско мнозинство одобри активирање на т.н. „нуклеарна опција“ за Владата во Будимпешта којашто ја обвинуваат за континуирано прекршување на демократските закони и основните европски вредности, но и за корупција.

  • Свет 12.09.2018 15:29

    Активиран членот 7 против Унгарија

    Парламентот на Европската унија со 448 гласови „за“, 197 „против“ и 48 „воздржани“ ја активираше „процедурата за владеење на правото“ против унгарскиот премиер Виктор Орбан за поткопување на демократијата и кршење „заеднички вредности на ЕУ“.

  • Свет 12.09.2018 12:59

    Лула се повлече од изборите, Болсонаро во предност

    Поранешниот лидер на Бразил, претседателот Инасио Лула да Силва нема да се кандидира за нов мандат на изборите идниот месец. Наместо него, во трката влегува Фернандо Хадад, колега од Работничката партија.

Pages