• Свет 20.01.2018 10:52

    Меј: Втор референдум за Брегзит нема да има

    Втор референдум во Велика Британија за прашањето за напуштање на ЕУ нема да има, изјави британската премиерка Тереза Меј во интервју за германскиот весник „Билд“.

  • Свет 18.01.2018 16:40

    Во Белград погребан Оливер Ивановиќ

    Во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград погребан е Оливер Ивановиќ- лидерот на опозиционата Граѓанска иницијатива „Слобода, демократија, правда“ и еден од најзначајните лидери на косовските Срби, кој беше убиен пред два дена во Косовска Митровица.

  • Свет 18.01.2018 15:58

    Една година од мандатот на Трамп

    Само една недела по влегувањето во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп воведе забрана за влез на граѓани од држави со мнозинско муслиманско население. Судовите ја забранија уредбата, и двете модифицирани верзии.

  • Свет 18.01.2018 15:23

    Невреме во северозападна Европа

    Наставата во училиштата во делови на Германија е откажана поради невремето во северозападна Европа. На аеродромот во Амстердам откажани над 200 летови. Поради невремето e прекинaт и железничкиот сообраќај.

  • Свет 18.01.2018 12:46

    Србија- Косово: Соработка во истрагата за атентатот на Ивановиќ

    Во телефонски разговор, претседателот на Србија Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи се согласиле дека дијалогот на Србите и Албанците, како и заедничката работа на смирувањето и стабилизацијата на состојбата на Косово е од клучен интерес за двете страни.

  • Свет 18.01.2018 12:23

    Трамп ги додели наградите за „лажно известување“

    Американскиот претседател Доналд Трамп ги додели наградите за лажни вести. Десетина медиуми лани известувале пристрасно, нефер или лажно за неговата работа.

    Првите три места ги поделија вработени во весникот „Њујорк тајмс“ и во телевизијата Еј-Би-Си.

  • Свет 18.01.2018 11:02

    Продолжена вонредната состојба во Турција

    Турција ја продолжи вонредната состојба за уште три месеци по препорака на Советот за национална безбедност. Мерката почна да се спроведува по неуспешниот обид за државен удар во 2016 година. Се интензивира и борбата против терористичките организации околу граничните предели.

  • Свет 18.01.2018 10:29

    Телефонски разговор меѓу Вучиќ и Тачи

    Во телефонски разговор, претседателот на Србија Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи се согласиле дека дијалогот на Србите и Албанците, како и заедничката работа на смирувањето и стабилизацијата на состојбата на Косово е од клучен интерес за дв

  • Свет 17.01.2018 16:18

    Реакции по убиството на Ивановиќ

    По 18 месеци застој, дента кога требаше да продолжи Бриселскиот дијалог, во Косово е убиен Оливер Ивановиќ. Спрскиот шеф на делегацијата вели- не се враќаме на преговарачка маса додека не се расветли убиството. 

  • Свет 17.01.2018 16:08

    Курц: ЕУ мора да биде поштедлива и поефикасна

    Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека ЕУ мора да биде поштедлива и поефикасна и изрази скептичност за предлозите кои предвидуваат воспоставување заеднички буџет на Еврозоната за што се разговара во Германија.

Pages